Не, додатни објаснувања не се потребни. Но, сепак. Од спотот, ако ништо друго, може да се процени состојбата на свест на најмакедонската од сите македонски политички опции во историјата, и, исто така, може да се деривира и нивниот став кон нивниот електорат, најмакедонските жители на Македоња. Тој звучи вака: 1. Вмроните на чело со Жмицко се клинички кретени. 2. Сите Македонци што се декларираат како вмровци следбеници на Жмицко се клинички кретени. 3. Сите клинички кретени од македонска провениенција се згрбавени рабови. 4. Сите згрбавени рабови што се клинички кретени ќе станат исправени клинички кретени по чудотворниот допир на Пророкот Богочовек Жмицко. Политичката порака на ВМРО е тука исцрпена.

Вистинската поука од оваа библиска телеолошка анализа на вемерето е дека додека траат извонредните катастрофични околности во кои злосторничката ВМРО е легална партија во РСМ, предизборниот молк треба да трае 20 дена пред изборите или најмалку колку што трае предизборната кампања. Доколку тоа не е можно, платените политички огласи на вемерето да се означат со XXX и да се емитираат како и секоја друга порнографија, по полноќ, со ознака „Само за возрасни кретени“ и со отворање со шифра со 26 разнородни карактери. Ако ни тоа не е можно… а, зошто, по ѓаволите, не би било?

Целата колумна на Мирослав Грчев за Слободен печат на следниов ЛИНК.