Човек кој е при себе кога го гледа резултатот од пазарањето за датум на избори не му преостанува ништо друго освен да упати една сочна балканска пцовка да се гонат политичките арамбаши и пазараџии таму од кај што дошле.
Вистина е, избори ќе има на 15 јули. Кога ова ќе го чуе човек кој е при себе, дека завршило „успешно“ пазарењето за датум на избори кое трае безмалку половина година по оставката на премиерот и формирањето привремена техничка влада со технички премиер и министри, и по распуштањето на Собранието, не му преостанува ништо друго освен да упати една сочна балканска пцовка да се гонат политичките арамбаши и пазарџии таму од кај што дошле.
Мало олеснување е да се каже да одат у п.м. и тие што си играа мајтап со законите и со уставот, па секој ден го толкуваа по партиски нарачки, но и тие што не ги спроведуваат порешително законите, а и тие кои не ги санкционираат прекршителите, па така покрај вирусот и тие дадоа свој придонес и ја доведоа земјата во политичка, економска, здравствена и безбедносна криза во период кога треба да се одлучува и спроведува најголемата стратегиска опрделба на државата и иднината на граѓаните и поколенијата.
Страст за власт
Епидемијата за власт во Македонија која трае со децении е многу поопасна и со потрагични последици од коронавирусот. Таа страст за власт не се решава ниту со апели, ниту со вонредна состојба, ниту со уредби, ниту со карикатурална демократија, туку само со повисока општа, политичка и комуникациска култура, со подобро образование и надминување на заостанатоста, примитивизмот, како и со почитување и спроведување на законите. Тоа за жал е најтенката алка на македонското општество кое остана со месеци без функционирање со полн капацитет на најзначајните државни институции, парламент, влада, устав, што прерасна во анархично совластие на трговско друштво без одговорност.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниот ЛИНК.