Дното во политичката кариера на некој ЕУ политичар во пензија, е да дојде во Скопје и од пред Затворот Шутка да се бори за “човековите права” на Орце Камчев.
Каде беше тој ист ЕУ политичар во 2013-та, 2014-та, кога:
1. Капацитетите на притворското одделение е за помалку од 250 луѓе, а во тоа време во притвор беа 560 луѓе во еден период?
2. Каде беше тој истиот политичар да реагира тогаш на 200 политички монтирани случаи?
3. Каде беше да реагира тој политичар кога по 40 месеци бесправно се држеа луѓе по притвори на фашистички начин?
Да се разбереме,
Јас сум легалист. Сакам, посакувам по закон Орце да се брани од слобода.
АМА КАУЦИЈАТА ДА БИДЕ 500.000.000 ЕВРА.
ПЕТСТОТИНИ МИЛИОНИ ЕВРА КАУЦИЈА.
ТОА Е МИНИМУМОТ ШТО ОРЦЕ ГО ИМА УКРАДЕНО ОД ОВАА ДРЖАВА И НАРОД!
Правно лудило би било ваков габаритен апаш, бандит,
кој со украдени 500.000.000 ЕВРА, за да се спаси од криминал:
1. Чудно го бранеа една ергела политичари од Софија
2. Тој истиот Орце, со украдените пари од граѓаните беше вклучен во МИЛИОН АФЕРИ, од Рекет, па Ла Верити, … сруши државен систем со пари украдени од државата.
3. Тој исти Орце, има ќеш во моментов да влече ОЗБИЛНИ ПОТЕЗИ.
ДА БИДЕ ПУШТЕН НА СЛОБОДА БЕЗ ПАРИ ИЛИ СО КАУЦИЈА ОД 10?
ОД САМО 10 МИЛИОНИ ЕВРА?
ЈАВНО АПЕЛИРАМ ДЕКА СУМАТА ОД 10.000.000 ЕВРА КАКО КАУЦИЈА ЗА ОРЦЕ Е СРАМ!
СО 500.000.000 ЕВРА КАУЦИЈА, НЕКА ГО ПУШТАТ И УТРЕ, не е лоша опцијата во Буџет да се вратат 500.000.000 ЕВРА кои се правени 30 години преку секакви криминални комбинации….
Бидејки има да плаќа, се јавуваат секакви браначи на неговиот лик и дело,
ЗАБОРАВАЈКИ ДЕКА БАШ ОРЦЕ КАМЧЕВ Е ВТОРОТО ИМЕ НА ТРАНЗИЦИЈАТА!
Секој кажан збор во одбрана на Орце, игнорирајќи го фактот 500.000.000 ЕВРА, е чисто лигавење и гребење кај богатиот криминалец.
Прво ДА СЕ НАПОМЕНЕ 500.000.000 ЕВРА вредност на предметите за Орце,
ПА ПОТОА ХВАЛОСПЕВИ ЗА НЕГОВИОТ ЛИК И ДЕЛО ОД СТРАНА НА НАДНИЧАРИТЕ НА ГАЗДА ОРЦЕ.
ФБ статус на Ване Цветанов