Од опозициски стручни кругови од вчера веќе се авансира и нова теза: септември е, всушност, најдобриот месец за избори.

Да се вратам на методот на Шерлок Холмс: сме ги елиминирале ли сите „невозможни“ варијанти, за она што ќе остане да биде вистина?

Имено: дали годинава избори на опозицијата, воопшто, ѝ одговараат? Да, дури и редовните, во ноември-декември?

Нешто од ова како да го насетуваат и овие од СДСМ, Заев дури делува и благо успаничен, бидејќи два дена упорно инсистираат дека кај Пендаровски е постигнат договор на вонредни избори да се оди… Не, не, тврди опозицијата спокојно, само си муабетевме за можности и модалитети, а Заев бараше народот да гине на избори, за тој да остане на власт. И слично.

Еве, колку за атер на оваа „невозможна“ варијанта, да претпоставиме дека изборните анкети на опозицијата покажуваат значително заостанување зад власта во изборните шанси. Зошто, тогаш, би посакувале избори, кога било годинава, ако изгледите за освојување на власта им се лоши – а имаат неповторлив политички изговор, со можноста од втор епидемиолошки бран после летово, избори воопшто и да не се одржат?

И, што дека ќе имало уставна криза без преседан? Тоа е полошо одошто да си останат во опозиција, фатени секој секому за врат?! Напротив! Земјата ќе си потоне во комплетна неизвесност, а можеби и хаос и на економски и на политички и на здравствен и на општествен план… Мерак за секоја опозиција што не може да победи на избори!

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.