Го читам на некој од опозициските портали вчерашниот партиски став на опозицијата: „Факти на денот: Заев и Филипче се неспособни, им се случи втор пик во јуни, нема да можат да се справат со трет во септември!“
Во една малку попросто-проширена реченица, собрана целата политичка демагогија што ја следи епидемиската криза во државава.
Еве, да речеме, „факт е“ дека Заев и Филипче се, навистина, неспособни. Па и како такви, зошто НИМ им се случил „втор пик во јуни“?! Да беа способни, немаше да ИМ се случи?! Да нè одат со кофи ковид наоколу и прскаат вирус по граѓаните?
Или: ајде, за Филипче ми е јасно, тој е активен министер за здравство, може да биде прозван и за тоа дали медицинските сестри знаат да облечат заштитна опрема (?!); но, зошто на Заев да МУ се случил вториот пик, а не на Чулев?! Или тој, ако веќе треба да се прозива некој министер, има природен партиски имунитет, ја „прележал“ одговорноста за ширењето на епидемијата?
Потоа: „…нема да можат да се справат со трет (пик) во септември“… Само ЕДЕН ден откако едвај (со повторно влечење за уши) се согласија да одат на избори во јули, наместо како што тие предлагаа во октомври – опозицијата сега нè заплашува дека ќе има трет пик во септември, кога тие нè убедуваа дека наесен ќе биде побезбедно за гласање отколку во јули?!
Оваа иритантна демагогија трае континуирано, од почетокот на здравствената криза до денес…
Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.