Тие се претопуваа во отпорот, станаа дел од него и го подготвија теренот за опстанок во „вонредни околности“ по падот на режимот. Полека, на некои им стана јасно дека ова е долга и неизвесна борба со непријател кој е исклучително вешт и често невидлив како вирус. Тоа се брзи, флексибилни и софистицирани машинерии и мрежи, чии пипци не завршуваат кај Табановце или Деве Баир…
Немам ниедна причина да се сомневам во пораките и писмата што ми го пишуваат сериозни луѓе од различни краишта во земјава на различни теми. Некои од нив и лично ги познавам, а сите заедно се луѓе со интегритет, искрени и доблесни. Уште во првите месеци по формирањето на владата на Зоран Заев, добивав пораки дека полициското подземје на Фамилијата е во добра форма и прилично активно и моќно.
Началници, раководители на сектори, вработени во безбедносните агенции и управи, во тајната полиција, во разни кабинети, како оној на неславниот бивши претседател, останаа во службите, на стратешки места. Некои велат дека ни една реформирана, па ни нова институција како СЈО, не ја одминале вештите „монтери“ во системот. Дебели подземни инсталации останаа и во другите делови на администрацијата – советнички, експертски или раководни места на сите нивоа, од управни одбори во основни училишта, невладини организации, медиуми, универзитети, па сѐ до високите владини кругови. За правосудството и да не говориме.
Целиот текст на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.