Програмата на МОН за финансирање на постдипломци во странство мора итно да се ревидира бидејќи има промашена цел. Стипендиите треба да се наменат за постдипломци кои се демонстратори или се асистенти на државните Универзитети или пак за веќе вработените кадри во државната администрација. Асистентите ќе имаат полза од постдипломски курс на најдобрите универзитети дури и ако веќе завршиле постдипломски студии. Финансирањето постдипломци без никаква програма и без никаква координација со домашните високообразовни установи е бесцелно и се претвори на фрлање средства во бунар. Редно е да се признае неуспехот на постојниот концепт (кој всушност и не е концепт). Ние сме сиромашна држава и глупаво е да финансираме кадри кои се одлеваат.
ФБ став на професорот Тони Дескоски