Кога пред повеќе од петнаесет години Никола Груевски почна да се појавува како име во политиката, тоа беше занемарливо, човекот беше без квалитети што отскокнуваат од просечноста. Никој не забележуваше дека добива атрибути речиси со ништо непоткрепени, за одеднаш да стане ‘технократ’, ‘добар економист’, пред да стане премиер. Многу негови особини, спорно детство, изглед, манири на однесување, сиромашен вокабулар, незрелост, комплекси, и од друга страна, амбицијата, итрината и суровоста, можеа да укажат на она што ќе се случува кога ќе го добие она, што по ништо не го заслужува. Напротив, дека е опасност и закана по судбината на народот, што подоцна ќе се покаже како факт.
И многу години подоцна, си го поставуваме прашањето како некој толку безначаен, можеше да биде толку фатален и штетен.
Често користам еден опис на Хитлер, во време кога ги прави првите чекори во освојување на власта. Го опишуваат вака: ‘Мојот прв впечаток?Безначаен. Сосема безначаен. Сиво лице, меланхолични црни очи. Како зрна суво грозје. Лик од приказните за духови. Не престануваше да зборува. Косата со брилијантин му паѓаше на лицето, додека викаше. Го цитираше Парсифал: Ќе создадам религија! Потоа ненадејно замина. Ми се поклони како келнер што добил убав башиш…’
Баналните особини на Груевски со допирни точки во овој опис, со текот на времето само добиваа на интензитет, поткрепени од бескрајната моќ што му ја даваше функцијата. Многу текст напишав за еден човек кој направи голема штета, оној истиот, сликан во Будимпешта со кесичката Окситан, кремичиња за лице и тело.Потполно банален лик без функцијата што му ја давала сета сила и моќ.
Ми се чини многу сличен влезот на Мицковски во политиката, еден исто така банален лик, без било какви особини на лидер, но преполн со бес, комплекси, недостаток на емпатија, уште помалку симпатија за човештвото.
Многу слично, политичар кој би можел да развие гнев со далекусежни последици.
Битно е да се лоцира и добро да се процени. За сите оние кои сакаат да се заиграат, маргинализирајќи ја улогата на водачот на државата.
Мислам дека има полошо од Груевски. тоа е Мицковски. Само од една причина. Тој е само продолжение на штетата во човечки облик, што еден ментор ја остави зад себе. Да дофасадира она што остана нефасадирано. Симболички и фактички.
Бахатоста што ја покажува, никако не треба да се занемари. Ниту она што е однадвор, што е неразделно со она што е одвнатре.
Нему никогаш, ниту по една цена, не смее да му се даде повеќе моќ од онаа што ја има со микрофонот на бина во кампања. Дали зборува или пее, сеедно е.
Никогаш не смее да му се даде можноста да решава за судбината ниту на еден друг човек, а камоли на цел народ.

ФБ статус на Офелија Димковска