Ајде сега малку да ја погледнеме од еден друг агол последната ранг листа на „Репортерите без граници“ за достигнувањата во медиумските слободи во хибридниот режим. Сме биле на 90. скандалозно место од 180 земји во светот. Меѓу последните во Европа.

Навистина многу загрижувачки, со точни констатации и оценки дека и покрај подобрувањето само за две места сѐ уште сме на дното многу поблиску до тврдите режими, отколку до земјите со високи медиумски и демократски стандарди. Нормално и оправдано тоа е силен повод за остри реакции за ограничувањата, притисоците, заканите, корумпираноста на новинарите, за влијанието на власта и разни центри на моќ. И толку.

Ја нема никаде ниту анализата, ниту податоците како стасавме на тоа дереџе, освен неколку чесни исклучоци кои поминаа речиси невидливо. Главно работата се сведе на тоа дека власта е виновна што сме на тоа 90. срамно место. И тоа во најголем дел е точно, бидејќи властите се најодговорни за развојот на демократските процеси во земјата, што најмногу влијае и на нивото на медиумските слободи. Силно негативно влијание има и партизацијата и сопственоста на медиумите, што секако е само потврда на лошите состојби.

Е, сега да се вратиме малку назад и да видиме како стасавме до тука. Пред 15 години пред победата на парламентарни избори на ВМРО-ДПМНЕ 2006 година, Македонија од „Репортери без граници“ беше рангирана на 46 место во светот. Во 2009 година го достигнавме највисокото ниво рангирани на 34 место, каде што се денес САД и Велика Британија и некои високоразвиени демократски држави. Таа 2009 година е меѓникот од кога почнува драматичниот пад на медиумските слободи во Македонија паралелно со инсталацијата на режимот на Никола Груевски, заробената држава и високата корупција и процутот на организираниот криминал. Во 2014 година Македонија го достигна зенитотот на бруталната контрола на медиумите со рангирање на 123 место на светската ранг листа за медиумските слободи одржувајќи ги овие високи позиции сѐ до 2017 година, односно до најмачното и најтешко примопредавање на власта во парламентарната историја.

……

И ете го сега крајниот резултат од 123 место во 2014 година на ранг листата на медиумски слободи на „Репортери без граници“, по подобрувањето кое почнува од 2016 година, денес Македонија е на 90. место. Тоа е подобрување од цели 33 места. Се разбира, никој не може да биде задоволен од оваа позиција кога веќе бевме незадоволни и од 34 место кое сега е недостижно. Треба многу да се сработи во развојот на демократските процеси и во борбата со криминалот и коруцијата за Македонија биде таму кај што беше 2009 година. Последиците од груевизмот и заробената држава не се исправаат лесно бидејќи главните актери се уште тука и работат во пропагандните фабрики за производство на лаги. Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е чувствителен кога ќе се спомене Груевски. Вели, „аман, пак ли за ланскиот снег“. Не е тоа снег, тоа е медиумски глечер над Македонија кој не се топи лесно.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.