zoran milosevski

Промените се составен и неизбежен дел од животот. И тоа, во секој негов сегмент. Оттаму, нивното повремено доаѓање не треба да го сфаќаме како крај на светот, туку како дел од животниот циклус кој ќе донесе нешто ново во општественото живеење. Генерално, но и поединечно кај секој од нас. На подобро или полошо, кому како му е пишано.

Заминувањето на Зоран Заев од политичката сцена, независно дали за навек или само привремено, е нешто кое порано или подоцна мораше да се случи. Како, впрочем, и заминувањето на било кој друг политичар. Од тој аспект, тука нема ништо чудно и необично.

Она коешто остава простор за дилема и дебата, е прашањето за изборот на моментот за заминување. Односно, дали тоа требаше да го направи сега, или после првите следни парламентарни избори? Редовни или предвремени, сеедно.

Цели 8 години, што од позиција на лидер на опозиција, што како премиер, Заев беше во фокусот на сите политички случувања во нашата земја, но и пошироко, во регионални рамки.

Во целиот тој период, тој беше spiritus movens на сите стратешки процеси во и за државата: почнувајќи од „бомбите“ кои го обелоденија суровото, бескрупулозно и криминално владеење на режимот на Груевски, преку решавање на деценискиот проблем со Грција, членството во НАТО, се’ до Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и стигнувањето во предворјето на ЕУ.

Целата колумна на Зоран Милошески за Публикум на следниот ЛИНК.