Барабата и циркузантот бугаринот Џамбаски, денес во Скопје е дојден да провоцира и иритира велејќи дека Македонија е Бугарскa?!
Ова ама ич не е европски, ова е наци-фашизам, гнасна провокација, одвратно рчкање со нас кои сме во светлосни години поголеми демократи и Европјани.
Џамбаски ни доаѓа и ни кажува што сме, кој сме и од каде сме
Епа дозволи ми да ти одговорам како Македонец пратеник од македонското собрание и човек кој верува во европските вредности
Ова е Македонија земја која постоела и ќе постои со својата автентичност и шареноликост.
Овде се зборува македонски јазик, различен од вашиот, Македонците се горди на својата земја, на својата вера, историја и традиција.
Добронемерниот гостин го примаме со широко отворена врата и полна трпеза, а таквите како тебе срамота е да го спомнат зборот Македонија.
Сакаме пријателство, почит и партнерство и знам дека ќе успееме, благодарејќи што таквите политичари како тебе се минато, реликт од дамнешни антиевропски матрици. Европа е заедништво, поддршка и почит на различности, Европа е се што ти и таквите како тебе не се
Ќе успее и ќе живее европска Македонија
ФБ статус на Мартин Костовски, пратеник