Ако почине еден човек во мариовско село тоа може да биде геноцид на 33,3333 % од населението според нашите новопечени статистичари. А, во напуштено село без ниту еден жител може да биде и 100 % успешно спречена зараза
Новиот век почнува со Француската буржоаска револуција во 1789 година. Историската наука му дала убаво име на периодот на кој и ние сме современици. Но и во новите векови светот остана соочен со многу војни: граѓански и верски, колонијални, идеолошки, социјални и индустриски револуции, балкански и две светски војни, пандемии, тероризам и природни катастрофи. Во изминатите 231 година се откриени најголемите изуми, тоа е период на најбрзиот напредок на планетата Земја откако постои човекот. Истовремено се одвиваат и најбрзиот развој и најголемите страдања на човештвото кои траат и ден денс на сите континенти.
Ќе речете, со право, двете спротивности: и развој и разорувања не одат заедно едно со друго. Тоа би бил логичниот заклучок. Меѓутоа, тоа е збирниот резултат на статистиката, што не се совпаѓа со краткотрајноста на човечкиот живот, па така и страдањата не ги погодуваат подеднакво сите генерации и сите луѓе. Деновиве кога сме соочени со една друга војна против чумата на 21 век, кога светот војува против заедничкиот непријател- пандемијата од досега непознат вирус, повторно сме бомбардирани со црни статистики од недоволна историска дистанца за науката, но со ужасна злоупотреба на политиката во ерата на интернет и брзата комуникација на глобалните социјални мрежи.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниот ЛИНК