Не требаше многу долго да помине за да почнат заканите од ВМРО-ДПМНЕ.

Да бидам попрецизен, заканите јавно се напишани од еден од администраторите на нивниот fan page, кој по напишаното може да процениме дека има план за мене после изборите.

Го замолувам и апелирам да не се крие зад партискиот профил и лично да ми ги каже намерите.

А сите останати, граѓани на општина Виница и релевантни институции – бујрум ценете го овој чин.

За оваа своевидна закана ќе биде запознаен и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

ФБ статус на Никица Бачовски