Успехот за НАТО и ЕУ е заслуга на Зоран Заев и СДСМ, исклучиво, и тука нема збор, напиша на Фејсбук Сотир Габелоски.

„По цена на својот рејтинг со храброст и смелост. Успехот не е заслуга на ниту една друга партија или лидер. Никој не покажа доволно волја, знаење и визија за надминување на големите пречки на патот до ЕУ, особено.

Но, дефинитивно ова е успех на сите нас како граѓани. На овој или на оној начин, после 15 години од кандидатскиот статус конечно се стави крај на неправдите и фрустрациите. Успехот е наш и во сета мака со вирусот треба да се израдуваме“, посочи Габелоски.