Носителиве на ВМРО-ДПМНЕ ми се посебно смешна приказна на овие избори.

Гога седеше по паркови и готвеше. Пола постови не ги разбрав што сака да каже. Да има филм за неа би се викал “Сањалачки денс”.

Во државава Ковид криза, економска криза она сања. Се вози на некоја си глупа имиџ кампања која треба да ја направи допадлива кај неутралните.

Дурловски посебна приказна. Туристичкиот водич со смешни маички кој бега од медиуми во широк лак. Каква ноторна будала, страшно. Не верувам дека полош кандидат за пратеник имало во историјата на Македонија. Александар Николовски, што да каже човек. Отишол во ИЕ 4, он охриѓанец, појма нема што е каде е. Со некој килав про-ЕУ имиџ, а тежок привезок на груевизмот треба да збори за земјоделство. Во ИЕ 4 тоа е број еден тема. Изгледа го ставиле да го напаѓа Заев, ама направиле опасна утка.

Јанушев го сомлеа со бомби, пепел. За воља на вистината најмногу проби во медиуми што не го прави целосен промашај. Колку толку имаше и по некоја програмска порака, но во целост многу слаба кампања.

Останува Мисјаловски кој можеби најдобро се снајде од сите овие изгубеници. А ќе заборавев, имаше и во ИЕ 6 некоја кандидатка, ама не и го памтам името.
Кадровскиот потенцијал на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е најслаб од кога јас пратам политика. Ставревски на времето им вредеше повеќе од овие на куп да ги ставиш сите.

ФБ статус на Никола Спасов