„На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ“ .
Ова го изјави Мицкоски, човекот што го фатија жив во кафана со куп безбедњаци како крши мерки за справување со кризата, а богами и во теретани каде остава и собира опрема и отсјај. Човек, што не ги познава а ги критикува, ама и не ги почитува мерките, ќе го победел изворот на кризата.
Човек, што како лидер ниту пак неговата партија, барем како некаков партиски авторитет, не повика јасно и гласно да се почитуваат рестрикциите како што прават други партии, туку ги офираше како неправедни. Видовме како на тоа реагираа партиските ешалони.
И тој човек сега ни зборува за изворот на кризата?
А паметиме како почнавме во кризава. Не е така одамна, нема ни 3-4 месеци. Долго време бевме меѓу најдобрите во регионот и во светот во борбата со вирусот. Покажавме дека можеме да бидеме и дисциплинирани, и организирани, и солидарни…тогаш Mицкоски молчеше. После, „му текна“.
Целата колумна на Петрит Сарачини за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.