на терен: педери, хоштаплери, море маму ви јебем, мрште одовде, еве ги овие на Филипче слугите, стоки, абре сите да ве снема……
Нит станав педер, ни хоштаплер, стока уште помалку, слуга па ич. И не не’ снема. Тука сме и ќе сме секогаш за тие на кои сме им потребни. За сите.
И покрај навредите кои некогаш беа преголеми сепак ние си продолживме со нашата работна задача почитувајќи го чичко Хипократ. Ние сестрите но и болничарите, докторите, хигиеничарите, помошниот персонал, администрација, набавки, управа како и доброволците, волонтерите и сите добронамерни луѓе , некои со документ за заклетва, некои не, но сите ја носиме во срцето и оттаму таа ни е водилка низ оваа лудница од секаков вид. А се’ тоа е со една цел – драгоцениот човечки живот.
Така да ни докторите не се убијци само заради нечии непромислени изјави. Или може и вака, убијци на вирусот. Е тоа да
Да, зборовите болат, погодуваат, нервираат но НЕ НЕ’ КРШАТ
Без нервоза, имаме уште работа, мора да бидеме уште јаки зошто тоа и се очекува од нас. А јаки сме нели
А ќе има уште погани усти. Нив ништо не ги мие. Толку им дал тој на кој се повикуваат.

ФБ статус на Денис Јанкуловски