Јанушев со Lacoste од 9000 мкд кошула парадира низ пазарот помеѓу работници, помеѓу чесни луѓе кои создале и создаваат со мака и пот, како бег се шета во градот каде живеат најдостоинствените граѓани а позади него 4 мажи и една жена- која едвај влегува во кадар. И им дофрла на граѓаните “како е, има работа?” ” Добро е некогаш и да се има малку нервоза”
Тоа е се што треба да се знае за ДПМНЕ.
Креатори на нервоза, поделби, местенки, грабежи, себичност , надреденост, отсуство на емпатија, очајна жед за власт, моќ и манипулација.
За пари веќе не станува збор , се гледа од гардеробата кошула од 9000 денари (колку што беше и минималната месечна плата на нашите блиски во негово време)
Едно е јасно !
Не мора да чекаме до 15 јули. Тие веќе се казнети. Граѓаните ги казнуваат на секој чекор, во секој дел од градот , во секое село . И тие тоа го знаат и тие чувствуваат. Знаат дека ќе останат уште долго во опозиција.
А ние и граѓаните знаеме и покажавме и ќе покажеме дека заедно МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро!

ФБ статус на Емил Јорданов