Читам, почитувани пријатели, и се смеам, ама не е за смеење работата. Дебилна е, глупава, неодговорна и – што е најважно – едно е, да се биде опозиција, а сосема друго е да се биде алтернатива на Заев. Разбирате? Алтернатива значи дека ти ќе понудиш се’ повеќе од Заев, притоа, ќе понудиш еден нов свет, нов образец, ќе понудиш нови вредности, па дури и ако сакаш – ќе понудиш еден нов „систем“.

Имено, СДСМ најавува безбедна кампања, до танчина ги објаснува безбедносните мерки за гласањето на претстојните избори. ВМРО-ДПМНЕ нема појма, не ги знаат мерките, не разбираат каде може да загрозат, себе, други, сите нас, бидејќи ако себе не се чуваш, ти си отров, загрозуваш и други со твојот отров на неодговорност и бахатост.

Да повториме уште еднаш. Едно е, почитувани, да се биде опозиција, а сосема друго е да се биде алтернатива на Заев. Ми велат луѓе, зошто не го критикуваш Заев? Зошто, им враќам, да го критикувам Заев? Се’ што јас се залагав, зборував, пишував, денес во оваа земја има. Има слобода на говор, има труд за Социјална правда, нема дискриминација по верска, етничка, малцинска основа. Можам слободно да се движам по улица, а никој да не ми дофрла дека сум шпиун, предавник, одроден. Заев денес е се’ она за што се залагав јас лично сите овие години.

Излегувам на гласање, и додека е ваков какво што е: брз, динамичен, отворен, широк и со срце, Заев го има мојот глас. А, добро, море, Ненаде, што имаш за Мицкоски, ќе праша некој? За Мицкоски имам Црвен бан! И од срце му го нудам.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ