Ваков хохштаплерај е невиден и незамислив. Ваква релативизација е невидена и нечуена.
На 27. април 2017. година не само што се случи најголемата брука и срамота во историјата на оваа земја (повторувам, во историјата на оваа земја!), туку 27. април 2017. година се растури имиџот на земјата, што значи дека ако Апасиев на ваков начин ги именува работите, тогаш го релативизираме тоа што не би смееле да го релативизираме.
Ма, зборот релативизација е всушност благ збор! Апасиев се обидува се’ живо да размеша и стави во еден лонец. Па и виновните и недолжните, и сите останати се ставаат во еден заеднички казан и така се обидува да претвори се’ во каша и попара.
Сликата што сака Апасиев да ја претстави со подолниот статус е следна: Груевски не е лопов и злосторник; тие што влегоа во Собрание со качулки и лесно и тешко оружје се невини; таа багра што се обиде да убие беа всушност пристојни и фини луѓе кои во слободно време се бават со цитати од Бајрон, Хобс и Русо.
Така што, се обидува овој грозен манипулатор да ја ублажи перцепцијата од настаните на 27. април 2017. година на следниот начин:
може да биде, а не мора да значи дека сакале да убијат; можеби се виновни, а можеби не се виновни; ако се виновни, виновни се и некои други, ако ние нешто работевме, и тие нас ни работеа, па прво тие нам ни правеа, а потоа ние нив… Оваа приказна ја слушам 20 години.
И не прифаќам!
Груевски и неговата багра беа најголемата брука и несреќа во историјата на оваа земја.
Во Собрание на 27. април 2017 година нахушкаа толпа за да убие.
Точка!

ФБ статус на Ненад Јовановиќ