На денешен ден, пред три години (27. април, 2017 година), кликата на Груевски влезе во Собранието за да убие, за да пучира, за да направи државен удар само како би си го спасила својот задник. Нивната идеја беше партикуларна, тесно-партиска и затоа предизвика толкава траума. Заради таа одлука и постапка, денес се осудени луѓе за тероризам, некои се и помилувани.

Груевски тогаш, со помош на Државна безбедност (која беше киднапирана од тогашниот режим) предизвика државен удар во Собранието без преседан. Државната безбедност со своите инсталации влезе во Собранието за да убие живи и конкретни луѓе.

Груевски, типично за сите “патриотски” фиќфириќи, кога е тешко и густо, беше во Австрија “под суво”. Од Австрија, телефонски ја кординираше ујдурмата.

Ова го зборувам за да се сеќаваме како не треба. И што значи ВМРО-ДПМНЕ кога е власт. Таа партија е едно кога е опозиција, сосема друго кога е власт. Кога се опозиција спремни се да се лигават и прават компромиси со сите, бидејќи немаат кохерентни и јасни вредносни политики. Кога се власт, кога се мејнстрим, докажаа во не така далечното минато дека може да бидат вистински монструми и’ да направат огромни штети.

Никогаш да не се повтори. Никогаш да не се заборави.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ