И во самоизолација се снима пред “мекинтош” на “Ејпл” (една од најскапите компјутерски марки) сиромашниот Мицкоски за кого многу му биле и 2.000 денари од својот домашен буџет, ако на тоа се сеќавате!? Па си лупета повторно од-шупље-у-празно, се расфрла неодговорно со милиони, милијарди и рецесии. Наместо да замолкне, да пие витамини и тихува, тера кампања како некоја очајна наџак-баба, и повторувам, хушка и’ ја прави владата неодговорна, неспремна на пандемијата.
На другата страна, Јанушев го бербати Филипче, клевети дека нема маски и медицинска опрема за лекарите и сестрите, ја подрива довербата на граѓаните во институциите кои, да не се лажеме, се нивната единствена можност за лечење.
Се разбира, овие двајца јуришници на надвојводата не работат на подобрување на институциите, кои можеби се во лоша кондиција – што е вистина – ама таа кондиција на институциите не е од вчера, туку е сигурно триесет, ако не и повеќе години. Сакам да кажам, Мицкоски и Јанушев ја користат пандемијата за да го подриваат таканаречениот “режим” на Заев, несфаќајќи дека со нивното реторичко делување (оти друг активизам не познаваат), директно штета им прават на граѓаните. А граѓаните не се некоја лебдечка структура, туку ни прават штета нам, мене, тебе, на сите нас.
Ако некој некогаш се заинтересира да прави анализа што во денешно време се случувало, искрено верувам дека овие двајца ќе бидат окарактеризирани за врвот на бесчестието и срамот во нашата земја. Не би сакал да употребам потежок збор, ама вакви неодговорни пробисвети оваа држава не памети.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ