Не заборавјте, со оваа тужба до новинарот и писател Бранко Тричковски која е формулирана од прилика, „за загрозување на личната безбедност на Мицкоски“, имено, значи, не е насочена кон Тричковски, таа формално-правно е насочена до Тричковски, ама во симболичка смисла таа е упатена до своето десно-ултраконзервативно членство. Што значи, Мицкоски го тужи своето членство и игра политика на страв. Го тужи своето членство на кое потоа, претпоставувам, пред самите избори, ќе може да му се заканува и уценува, односно им порачува што со нив ќе биде ако само за момент застранат од „обновата за Македонија“. Што значи, ако не се на линија, планира да ги уништи. Тоа, пријатели, ако се сеќавате, беше и политиката на Груевски.

Со измислен атентат, со измислен обид за убиство, Мицкоски планира да се врати на политичката сцена!? Оти, не заборавајте, секогаш кога играте политика на страв, вие генерирате страв према другите. И Орбан делува силно во Европа, а води политика на страв. Орбан знае, и сигурен сум дека не се плаши од бегалците на кои им постави sид; од друга страна, знае Орбан дека бегалците нему лично ништо нема да му направат, ама исто така многу добро знае да му се заканува на своето гласачко тело на начин што неговите гласачи треба да се плашат од бегалците ако евентуално влезат во Унгарија, па да ги загрозат нивните „христијански вредности“, а мене воопшто не ми е јасно што тие мислат кога велат „христијански вредности“. Но, тоа е сосема друго прашање.

Затоа мислам дека тужбата од МВРО за Тичковски е старо-нова игра на „политика на страв“. И уште мислам дека политика на страв е многу опасна игра, затоа што, а тоа се покажа и во демократско уредување, а гледаме и во Брегзит денес, најчесто победува. Дури и во просветени и емаципирани општества, стравот проаѓа.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ