Ја погледавте преписката Мицкоски & Рашковски, едниот вели да не се пуштаат наши граѓани во земјата, а другиот вели “оставете да се грижиме”. Има разлика за оној што е емпатичен и сочувствителен на туѓа мака, а оној другиот мисли само на себе.
Друго, го исчитувате тонот на пораките на Мицкоски, гледате ли каков е односот негов кон оние луѓе кои се во реален проблем? Се однесува како газда што ги игнорира проблемите, ги игнорира луѓето во проблем, се фокусира единствено на неговата амбиција персонифицирана во Зоран Заев. Тоа Мицкоски го сака, да биде Заев, а граѓаните за него ионака се неговите кученца кои треба да му лижат од рака кога тој ќе биде власт.
Ако има Мицкоски советници од “нашите либерали”, предлагам да му купат едно пакетче Касперски антивирус, бајаги почна да смрдуцка низ интернет сообраќајот. Башка деца читаат, а на содржините со Мицкоски нема предупредување “18 +”, ако ме разбирате што сакам да кажам.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ