Што е важно да се каже? Важно е да се каже дека мора да се биде принципиелен и консеквентен од самото зборување во јавноста. Принципиелност е дека ние имаме техничка влада, а немаме законодавен дом. Принципелност е дека ние денес немаме парламентарна демократија, а имаме техничка влада која носи закони со уредби. Принципиелност е да се каже дека наша одговорност е да излеземе на избори на 5 јули и го дадеме својот глас. Принципиелно е да се каже дека на тој ден никој повеќе не е важен како што е важен гласот и одлуката на граѓаните.

Од консеквентноста на нашите одлуки ќе зависи и судбината на нас и нашите деца како ќе живееме и како ќе делуваме во иднина. Од консеквентноста на нашите одлуки на 5-ти јули ќе знаеме дали ќе имаме Собрание и парламентарна демократија, или повторно ќе влеземе во хаотичен и магловит период.
Од консеквентноста на нашите одлуки ќе знаеме дали граѓаните ќе одберат надеж, релативен просперитет, Европа и мир. Од консеквентноста на нашите одлуки на 5-ти јули ќе знаеме дали мнозинството граѓани се за богатиот Запад и човековите загарантирани права, или повторно ќе глибиме во источно мракобесие и таа некоја Русија која од наша перспектива можеби и не постои.

Со Зоран знаеме на што сме, со Христијан не знаеме. И тоа е нашата принципиелност и консеквентност пред која сите ние сме исправени. Со такви работи пристоен и одговорен граѓанин не смее да си поигрува.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ