Еднаш реков, пак ќе речам. Овие луѓе кои денес го имаат легитимитетот да конституираат власт во земјата го решија:
1.) Билатералниот спор со Грција стар 30 години;
2.) Не помирија со сите комшии за потоа, логично, да станат наши пријатели и сојузници;
3.) Албанците и сите други малцински народи и заедници се рамноправен дел од Македонската заедница;
4.) Со политика на мир и пријателство, очекувано, го ослабнаа ВМРО-ДПМНЕ, ја претворија во нерелевантна политичка партија која не може да се носи со денешните современи предизвици;
5.) И последно, но не помалку важно, среќен сум што имам влада која денес е се’ она за кое и јас лично се залагав последнава декада: општество на слободни, рамноправни и мултикултурни граѓани.

Заради ова погоре, Северна Македонија денес доби ДИРЕКТНИ преговори за влез во ЕУ, заради ова погоре, оваа влада е најдоброто нешто од “сите можни светови” што денес оваа земја гo има.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ