Денес, откако си поднесува оставка како прв човек во владата & партијата, Заев го фалат сите: актуелен претседател на држава, бивши премиери, министри и “обични граѓани”. Денес, велам, го фалат сите, она што јас го правев изминатите две години на очиглед на сите.
За Заев велат дека бил најголемиот премиер и визионер од сите премиери што оваа земја ги имала. И тоа го зборуваат луѓе во сериозни години, доктори на науки, професори, луѓе кои држат катедри на универзитети, академици, културњаци, важни медиумски работници…
Сега знаете ли зошто ме плукаа изминативе две години со црева и шмркови од помија и гадости?
Не затоа што сум лажел, туку напротив, ме бербатеа затоа што ја зборував вистината, а грото луѓе – од Антика до денес – толкаво количество вистина не може да поднесат.
Заев и неговите политики ги фалев кога беше опасно Заев да се фали. Денес го фалат сите, а како ќе изминува време, уште повеќе ќе го фалат, бидејќи неговото отсуство ќе биде уште поголемо присуство.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ