Во овие два дена приметувам еден селско-вашарски синдром. Вака работи “опозиционата” логика: треба да се оплајпичи владата за таканаречените опозиционери да те верификуваат, а ако ја оплајпичиш опозицијата, тогаш си платеник, дудлач или гуслач.
Каква е таа опозиција која не сака критика? Левица е институционална партија – лапа пари од буџет. ВМРО-ДПМНЕ е институционална партија – лапа пари од буџет. Како не смеам да ја критикувам опозицијата која живее од наши пари?
Од друга страна, јас Заев го поддржувам заради неговата политика, а останатите сакаат без политика Заев да го рушат. Такво нешто нема. Без политика Заев никој не може да го руши. Мнозинството граѓани го поддржуваат, странците го сакаат, а неговите политики ги оправдуваат.
Добронамерните луѓе нека се тргнат од Апасиев и Мицкоски. Од тие луѓе никој фајде нема да има освен тие двајца самите.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ