Мицковистите кои денес дошле пред Министерството за здравство не разбираат дека денес не го напаѓаат министерот Филипче, туку го напаѓаат целото Јавно здравство. Тоа Јавно здравство, во ваква масовна пандемија, е на сите граѓани, создадено од Андрија Штампар, човекот што го осмисли системот на егалитарност за лечење на граѓаните според принципот „Од сите за сите“. Така што, повторувам, не го напаѓаат Филипче, туку ги напаѓаат сите вработени сестри, доктори, болничари, медицински персонал. Ги напаѓаат сите Јавни сектори во државата.
Тие мислат дека се’ уште во државата еден е одговорен и еден е виновен за се’, не сфаќаат дека на таков принцип не работат повеќе институциите во Јавното здравје. И не само во јавното здравје.
Зошто не одат да протестираат пред приватните клиники кои балираат купишта пари од оваа масовна катастрофа? Зошто не протестираат пред приватните клиники за граѓаните кои се болни од Корона да имаат егалитарен пристап – со минимален профит – како што има во јавното здравство? Или не си ги напаѓаат спонзорите?
Незнајковци. Игноранти. Злобни. Тенденциозни.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ