Ганка Цветановска денеска на твитер го напиша следново “На денешен ден 30 март пред точно 82 год. започна егзодусот на Македонците во Егејска Македонија, денешна Грција. Во чест и сеќавање на сите кои беа протерани од своите огништа и оние кои останаа а беа изгорени од напалм бомбите”напиша Ганка.
Не можам да тврдам но претпоставувам дека идиректно се однесува на денешиот голем ден кога се дигна македонското знаме во НАТО. Без разлика на нејзините намери мислам дека е добро да се потсетиме на оваа тажна епизода од нашата историја. Македонците тогаш лутаа и во тоа лутање станаа жртва на една геополитичка реалност. Токму затоа овој ден е важен, затоа што завршува нашето лутање низ геополитиката. Застанавме на нозе и свој пат, а со тоа го прекинува и проклетството кое се повторуваше низ генерациите. Честитки за сите!
П.С Во граѓанската војна од Грција беа протерани сите, без разлика на етничка припаднос, кои беа блиски до ДАГ.
ФБ статус на Борјан Јовановски