Најновиот скандал со Мицкоски (извичникот и „боемот“) зборува за нешто што е, благо речено, спротивно на пристојноста, достоинството и разумноста… Некој што држи до себе, ќе останеше на местото каде што го направил прекршокот, а не неговите тепачи да туркаат инспектори и да му овозможуваат бегство. Некој што е достоинствен, ќе се извинеше пред јавноста. Немаше хистерично и пропагаторски да плука по законите и мерките за заштита на сите луѓе, за да ја избегне одговорноста, правна и морална.

Колку министерства за внатрешни работи има во нашата земја? Тоа прашање го поставив пред повеќе од еден месец (баш на 1 Мај), по сето скандалозно реинсталирање на МВРО од првиот ден на техничката влада и сите останати скандали што се редеа од ден на ден. По „херојското“ бегство на Мицкоски од кафеаната во Боемска улица каде што, заедно со својот телохранителски ентураж, прекрши членови и од Кривичниот законик, ова прашање излегува на површината во сиот свој „отсјај“.

„Фејсбук признанието“ на Мицкоски дека бил во кафеаната и дека не бил запознаен со протоколите, може да изгледа смешно само на прв поглед. Но, ваквата „одбрана“ е навредлива за секој нормален човек. Треба ли да го жалиме што прв пат по симнување на забраната отишол во кафеана, па не знаел како треба да се однесува? Не знаеше ли ни за протоколите ни кога редовно ја посетуваше својата омилена теретана под отсјајот на заштитата на неговиот министер Наќе? Сега сомнежот дека се журкал заедно со својата братија и разни старлети на други места, изгледа сосема оправдан, иако тој и неговите „курири“ тврдеа дека се работи за стари снимки. За колку други ситуации не знаеме и колку новозаразени има поради ваквото однесување кон мерките за заштита?

Од својот „минат труд“ знам (премногу) добро што е боемштина. Тоа што го видовме толку пати во изминативе месеци, не е боемштина…

Најновиот скандал со Мицкоски (извичникот и „боемот“) зборува за нешто што е, благо речено, спротивно на пристојноста, достоинството и разумноста… Некој што држи до себе, ќе останеше на местото каде што го направил прекршокот, а не неговите тепачи да туркаат инспектори и да му овозможуваат бегство. Некој што е достоинствен, ќе се извинеше пред јавноста. Немаше хистерично и пропагаторски да плука по законите и мерките за заштита на сите луѓе, за да ја избегне одговорноста, правна и морална. Но… Каков ментор, таков ученик…

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.