Вчерашниот ден, на сите медиуми беше пример за колапс на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Се потврди дека се нема никава политика, освен барање алиби во минатото;
– сега диодите за возилата, наместо у Германија, директно со трик ќе се извезуваат у Америка;
– пратениците што секој ден држеа прес-конференции за онкологија, беа потурени со пепел од страна на Премиерот;
– Претседателката Силјановска нема никаква контрола на вработените од Агенцијата за разузнавање;
– скарани со транспарентноста и одговорноста;
Дополнително, гледајќи колку креативна мисла има во протестите во Србија, дувајќи во јогурт, ќе ги укинуваат предметите за филозофија и етика;
Ова мора да биде импулс за ПГ на СДСМ, веќе на следните пратенички прашања, без дилеми и огради, точно да ги изведе на чистина сите погрешни политики и лаги на актуелната Влада.
ФБ став на Јани Макрадули