По хуморот, досетките, и мудростите (без логика: соло човек во радиус од сто метри со куче – не може никој да зарази, и тоа е јасно), заклучувам дека се уклучија античките од Палатата да ме тролаат.

Затоа, ве бришам и не ви давам платформа. Ви го препознавам стилот уште од епохата на дебатите за Преспански.

Само не’ потсетувате како беше со вас на власт, садистичка тортура. Затоа – не ве гласаме. Се’ беше во ред додека ги слушаа лекарите, а не Фејсбук желботеката и вмровскиот притисок во Влада.

Ако е правилото бесмислено, на секој со здрав разум му е јасно дека е бесмислено – знаат сите, но молчат.

Се угледувате на Еди Рама и Вучиќ. И демек Кина?

Не дечки, Кина не го реши ова со апсолутен локдаун туку со наука и инфраструктура. Локдаунот таму беше и е по области. Но со вас не се расправам веќе, само се надевам дека СДСМ ќе прекинат да подлегнуваат на вашите тираниски притисоци.

За крај, освен за кучиња, протестирам и за десет други теми на непотребно ограничување на слободи, и тоа со денови. Непотребни и очигледно бесмислени ограничувања, повторувам. Нужното ни е јасно на сите. А и другото ни е јасно, и ќе молчиме – додека колективно не ни пукне филм. Лека ноќ, на тие со топол дом и слаткасти хаштагови. За другите, тешко ми е луѓе за вашата мака – сега веќе удвоена.

ФБ статус на Катерина Колозова