На општински, не се притресувајте многу идеолошки (иако, сегде има идеологија), гледајте ефикасност. Гласав за кандидат на ВМРО, и дечкото работи ко што треба, за сега. За Град, реков: не Данела. Се виде мајндсетот и мрзата.
Откако е дојдена само бара што не може и не треба да функционира, а не како да профункционира и да биде ефикасна.
Остај тоа, политички труп – со кое право е она истражител, иследник, ревизор. Има власт за тоа, се вика судска (и прогонот е тука), независна од тебе, Даниела. Виш сеа, кога Шилегов беше градоначалник (ако ги ставиме на страна првите година до две хаотични), на секоја пријава реагираа. И Лајка бидна, и покрај сите првични фрустрации.
Со Даниела: море јавувај (и до КХС и до Град) нема канти овде, испокршени, смени ја висечката, се прави ѓубре, не бре, ништо, никаква реакција – 6 месеци. Ова е само мало примерче. На сите нивоа е исто – не создава, руши, укинува, иследува, не се работи, па уште и самоволие спроведува – самата води истраги, мини Грујо (а Прибе извештајот го памтите, не беше само за следењето туку дека извршната си дава за право да се однесува ко судска).
Данела е чист негативитет, во секоја смисла на зборот. Ја сум ЗА тој референдум, ако е можен.
ФБ реакција на проф. Катерина Колозова