Непостојаните ставови на професорот од Штипскиот универзите и инфектолог Вело Марковски, во однос на коронавирусот и тоа што често пати јавно ги поткопува мерките и решенијата на Комисијата за заразни болести, не се само обична тема за дискусија во јавноста. Имено, дотичниот експерт кој не излегува од ТВ екраните сега е член на највисоките тела во ВМРО-ДПМНЕ и неговите искази имаат не само јавна, туку и длабоко политичка тежина, да не речам заднина, оттаму и одговорноста што сега треба да ја има и чувствува инфектологот и политичар Марковски е и како инфектолог и како политичар.

Но, што говореше Вело Марковски во неговата инфектолошко-политичка кариера изминативе месеци?

Тој во јавни излагања прво повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, предлагаше „имунитет на стадо“, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со Ковид-19 за да докажат дека не е опасен. Потоа му текна дека нема да може да се постигне колективен имунитет, па по некое време сам повторно се поби. Кога ќе го прашаат за смртноста и опасноста на Ковид-19, за да ја релативизира опасноста од оваа болест, дава паушални споредби со смртност од самоубиства и сообраќајни несреќи, она тотално аматерски како што пред некоја „коперација“ уз „ѕидарско“ пиво на сред село си правиме муабет.

Во неговиот арсенал од дезинформации и манипулации е најновото гостувањето на ТВ 24 кај Мишко Иванов:

Марковски со цел да спореди како е кај нас а како во регионот, вели во Србија од 7.000 тестови имале 170 нови случаи, слично, вели Вело, било и во Словенија.

Само со едно површно преборување на Гугл, секој може да види дека Вело манипулира и око не му трепнува.

Официјалните податоци говорат дека во Србија дневните бројки во последно време се и по околу 700 нови случаи за 24 часа. Во Словенија пак се и повеќе од 1.000 (вчера беа 1.113, пред неколку дена 1.663).

Кога цел регион покажува рекордни бројки на нови случаи од Ковид-19 (Србија 757, БиХ 1.251, Словенија 1.963, Бугарија 1.589 случаи, официјален податок од 24.10.2020 година), Марковски сее лажни вести, кои се со цел правење несигурност и недоверба на јавноста кон нашиот здравствен систем и Комисијата за заразни болести и сето тоа за собирање на ситни политички поени.

Која е вистинската состојба во овие две земји со коронавирусот што ги напомна Марковски?

Министерот за здравство на Словенија Томаж Гантар вчера издаде уредба со која за 14 дена се суспендираат сите здравствени услуги кои не се итни. Во Словенија моментално има повеќе од 15.000 активни случаи. А Словенија по број на жители е најблиску со Македонија. Словенија, пак, од друга страна има 11,5 пати поголем здравствн буџет од Македонија, како што напомна и професорот на Медицинскиот факултет во Скопје, доктор Нико Беќаровски во вчерашното гостување на Телма.

Целата колумна на Јане Ѓорѓиоски за Фронтлајн на следниов ЛИНК.