Портпаролот и пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов им се обратил на политичарите од најголемата опозициска партија.
„Нека се соберат ВМРО-ДПМНЕ во белата палата и нека изградат став, дали короната постои или не.
Се противат со сите мерки со кои сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните. Нивни истакнати поддржувачи велат дека не постои короната“, стои во објавата на Костадинов.
Според него, во услови на сериозно зголемување на бројките на новозаболени, ВМРО-ДПМНЕ организира протести.
„Такво неодговорно однесување со сигурност нема да дозволиме“, тврди Костадинов.