Гледам по насоки на Мицкоски, загубени во времето, ВМРО-ДПМНЕ почнале да ме вреѓаат да напаѓаат, замислете заради тоа што сум волонтирал, заради тоа што сум помагал.

Само вие продолжете со вреѓањето, јас ќе продолжам да помагам, да ги слушам проблемите и маките на граѓаните и да им излегувам во пресрет колку што можам.

Ќе одам и до домовите, но ќе одам и по нивите, ќе лобирам и ќе правам напори и ве уверувам дека голем дел од проблемите ќе ги решам.

Ова е можеби и вистинска прилика да соопштам дека се откажувам и од 14.500 денари народни пари кои ќе треба да ги земам како пратеник, сметам дека и тие средства, можеби за некого малку, но некому ќе значат живот, ќе ги донирам.

Вие уживајте си во белата палата од 30 милиони евра, со парите украдени од нас граѓаните и ништо да не донирате…

Можеме комотно без вас од ДПМНЕ

Пс. Оти не сме сите исти нели ?

ФБ статус на Костадин Костадинов