Вмро дпмне и компасот, напиша на Фејсбук портпаролот и пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов.

„Низ призмата на пандемијата од корона вирусот може да донесеме многу лесно заклучок за тоа како вмро- дпмне практично не знае каде тера.

Пандемијата имаше 3 фази, како вмро дпмне залута ?

Првата фаза кога беше воведена вонредната состојба, опозициската дпмне вели.
Не треба да се воведува вонредна состојба туку кризна, наводно од причина што вонредната би одела во прилог на СДСМ, со тоа го потценија вирусот и буквално сакаа да ја втурнат државата, особено граѓаните во опасност.

Втората фаза кога го достигнувавме пикот, кога здравствените работници макотрпно се бореа со корона вирусот, спасуваа граѓани, кога имавме општина под целосен карантин, вмро дпмне се занимаваа со лажни вести, манипулирајки со јавноста, како тоа немало доволно тестови, како сме биле неспремни, како Венко Филипче правел криминал и слично…

Третата фаза, кога веќе евидентно е опаѓањето на трендот на заразени и кога цел свет се спрема за почнување на процесот на нормализација, вмро дпмне излегуваат и велат, потребна е нова вонредна состојба.

Јасно ни е на сите како бел ден, дека една работа што компасот во партијата на бившиот режим не знае каде тера, друга работа е што се повеќе внатре партиските битки за превласт во дпмне излегуваат на површина.

Ниту едната, ниту другата не ги интересира граѓаните, таква партија која нема став во најважните моменти за граѓаните, која не ја интересира ништо освен заштитата на парите и криминалците во нивните редови, не ја знам и причината зошто воопшто постои во системот на државата.

За волја на вистината, многу внимателно треба да има процес на нормализација, враќањето на новата нормалност и секако, по завршување на пандемијата граѓаните да го остварат своето демократско граѓанско право, но би рекол и обврска и на избори како што си личи ве поразат за вашето деструктивно, антидржавно однесување.

Ќе имате најмалку едно 7-8 години опозиција да си го средите компасот, до тогаш не правете штета на граѓаните!“, истакна Костадинов.