Собранието денес не може да работи, нема мнозинство затоа што еден пратеник е позитивен на Ковид, а друг чека резултат и согласно протоколите мора да е во изолација, а пратениците од опозицијата не сакаат да си ја извршат својата задача и да бидат во салата, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

„На оваа седница треба да се донесат и измените на законот за лекови за да се овозможи брза набавка на вакцини за заштита од Ковид.
На оваа седница е и интерпелацијата на вицепремиерот Димитров, поднесена од опозицијата, а нив ги нема да гласаат за дневниот ред.
Поголемо лицемери нема од нив. Местото на пратениците е во салата за седници, а не во канцеларии!!!“, потенцираше Костовски.