Дали ќе веруваме или не во вирусот е наша лична работа, но – да им веруваме на луѓето кои се експерти во оваа област, тие ги ризикуваат своите животи за сите нас!
Поклон и респект за сите здраствени работници!
Апел до сите чинители кои на било каков начин дооринесуваат при донесување на некаква одлука поврзана со борбата против COVID-19, а особено луѓето вклучени во политика (мислам на опозицијата и Вмро-Дпмне) да направат дистинкција помеѓу најбитното нешто-здравјето и секојдневното политиканство. Почитувани, денес сме власт утре опозиција, но секогаш треба да бидеме слуги на граѓаните !!!

Барањето за формирање на нова Комисија која ќе ја избира Собранието е само начин да се прикаже наводна грижа и конструктивност и истото е целосно неиздржано. Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. Од почетокот на кризата, сите одлуки, препораки и мерки на Комисијата за заразни болести се носат врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните.

Јавното здравје е над партиските интереси. Вирусот не чека, мерките мора да се донесат во најкус можен рок.

ФБ статус на Мартин Костовски