Со оглед на тоталната здодевност на македонската предизборна политичка сцена (тоа па тоа па тоа па тоа), деновиве слушам некои поинакви, корисни идеи со кои се занимава светот…
Имено, една од крупните, глобални последици што ќе ги остави зад себе корона вирусот, е масовното, привремено откажување на наставата низ училиштата и факултетите во разни држави во светот. Растечки е бројот на градови и региони кои масовно ја откажуваат наставата во сите сегменти на возраст во своите образовни системи. За почеток, на по неколку недели.
УНЕСКО вчера излезе со податок дека, во моментов, околу 300 милиони деца низ светот, заради вирусот, не посетуваат редовна настава. Таа бројка расте од ден на ден. Како што се развива „алгоритамот“ на ширењето на вирусот, никој не може со сигурност да каже дали нема да има потреба и од повеќемесечно одложување на часовите за учениците и студентите.
Таа настава, се разбира, ќе биде соодветно надополнета, според наоѓањата на образовните власти во секоја различно погодена земја од вирусната епидемија. Ширењето на вирусот – доколку непредвидливо не мутира, што е прогноза што никој не може, во моментов, да ја направи – во еден момент ќе почне да опаѓа, додека сосема не исчезне. Најавите се дека, порано или подоцна, како и за секој вирус, ќе се пронајде и вакцина за него, па тој, во догледно време, ќе се стави на листата на историски поминатите зарази, со релативно мала и „фокусирана“ смртност, за кои е најден лекот.
Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниов ЛИНК.