Работам како да нема утре, можат да негираат само луѓе кои воопшто не ме познаваат.

Тоа е така зошто сум свесен за една работа. Мора многу работи да промениме! Војуваме со криминал и корупција вкоренети десетина години.

А војувам за следните генерации. Сакам дечиња кои ќе растат дома. Во средена држава, здрава економија. Моите деца да не живеат во неправда.

Од илјадниците неправди во 11-те години под терор и страв, најтешко ми паѓаат срамните односи со минималната плата и социјалните случаи, луѓето на кои им е најтешко!

За нив минималната плата беше само бројка. Но, не е. Тоа е живот за некого.

Да купиш леб, млеко, основни работи за дома. Да си го одржиш кровот на глава. Да можеш децата да си ги облечеш.

Затоа веднаш ја покачивме и сега е 14.500 денари. А можеме и повеќе! До крајот на нашиот следен мандат ќе ја зголемиме до 20.000 денари.

Ако луѓето немаат основно достоинство во животот, ништо друго не им преостанува освен да ги спакуваат куферите.

Доста е. Да извезуваме македонски производи, не Македонци! Можеме 🇲🇰

ФБ статус на Љупчо Николовски