Голема помош и моја силна поддршка-од срце му благодарам на мојот драг пријател и доктор Трајче Нешковски, истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
„Неуморни и трпеливи, бестрашни, а сепак само луѓе, тоа се здравствените работници. Ви се поклонувам на сите вас.
Да не заборавиме дека и тие се нечии пријатели, сестри, браќа, мајки и татковци, нечии деца.
Да се грижиме за нив како тие што се грижат за нас.
Да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот и да им помогнеме!“, посочи Лукаревска.