Да се радуваш на потенцијална штета на својата држава е највисок чин на АНТИПАТРИОТИЗАМ…
Ликуваше утрово Александар Николоски мислејќи дека Бугарија ни ставила сопка на патот кон ЕУ… Ликуваа и сите други антипатриоти од ВМРО-ДПМНЕ…
Па прво си добија ‘ластик’ од Никола Димитров, а потоа и ‘шамар’ од Петер Стано, портпарол на високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жосеп Борел!
Александар Николоски:
„Скандал од невидени размери е документот што Никола Димитров, под патронат на владата на Заев и на Спасовски, го крие од јавноста, а со кој Бугарија отворено го условува за датумот за преговори. Македонија има нов голем проблем во нејзините европски интеграции. Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, како и да се откаже од македонскиот јазик.“
Никола Димитров:
„Александар Николоски е политичарот кој од среде Собрание, за проектот ‘Скопје 2014’, со цел ум рече: ‘Ние сега првпат градиме македонски идентитет…’ Деновиве, со тактика на политички ‘лешинар’, небаре се радува и едвај чека да има лоши вести, токму истиот тој Николовски е повторно гласен во врска со изјавата на Бугарија прикачена кон записникот на седницата на Советот за општи работи на ЕУ од 25 март.“
Петер Стано:
„Европскиот совет ја усвои едногласно одлуката на Советот за отворање на преговори за пристапување со Македонија. Ставот на ЕУ е изразен во овие заклучоци на Советот. Еднострани изјави на земјите-членки не ги менуваат ваквите заклучоци.“
ФБ статус на Ацо Лукароски