Кога стварноста и благородноста ги поразуваат илузиите и злобата
Многу ми е интересно да гледам како во своите пикапи натоварени со разочараност, Македонците се разминуваат со стварноста. Односно како стварноста се разминува со нив. Удирајки им по еден бокс во челото. И по образите, се разбира.
Зборуваме за луѓето кои пред три години почнаа да се разочаруваат затоа што мислеа дека е ин да бидат разочарани. Врз основа на краткорочните проекции дека Македонија оди во погрешна насока и дека Заев и неговото државно и партиско лидерство ќе паднат на првиот свиок ако тие доволно силно врескаат. Секое утро одеа во потрага по извори на својата разочараност. Со помош на социјалните мрежи и радиоактивните телевизии и портали. Дома немаа такви мотиви. Тие знаеја дека квалитетот на нивниот живот е многу над нивните заслуги. Тие се разочаруваа како што малограѓаните се воодушевуваат по концертите на сериозна музика со Брамс и Берлиоз. Затоа што такви беа доминантните очекувања. Едно време престанав да одам во “Корзо” затоа што беше станало опасно еден неразочаран тип да влегува во кафе полно со разочарани плачипички, вооружени со свежи снимки на превртени контејнери и графики за пием честичките, со кајрони и балони на кои пишува: има ли власт во оваа држава, за оваа ли се боревме, за оваа ли ги киневме обувките во Шарената револуција…
Колку ни е лоша хигиената, здравствениот систем, правосудството, спортот, културата, економијата, моралот…не, не, дефиинитивно не не бива, не заслужуваме држава… викаа Македонците како да се Финци на кои некоја волшебна сила им ги зела финските стандарди и ги фрлила во септичката јама со македонски говна.
Туф, туф, туф!!!
Сега се шокирани.
Не можат да си објаснат како тоа движејки се во тотално погрешна насока, Македонија стигна на целта. На политичкиот, геополитичкиот, националниот, безбедносниот, Монт Еверест. На врвот на својат држвна и национална релизација.
На врвот!
И покрај сите нивни напори.
Еден дел од овие луѓе денеска се срамат од себе, независно дали во разочараните отидоа затоа што тоа беше ин или затоа што искрено веруваа дека од Заев нема да биде ништо. Срамот може да ги задржи на глупавиот правец. Друг дел од тие луѓе наголемо се шалтаат и преоѓаат на страната на нормалноста, што секако е за поздравување, независно од тоа што луѓето носат многу сериозни одговорности за штетите што во меѓувреме и ги нанесоа на Македонија заедно со соборците од вмро-дпмне. Остануваат вмороните кои преку политиката на Мицко се доближуваат до тажната вистина за себе. Стварноста последна ќе дојде по нив. И тие ќе добијат по некоја индулгенција. Освен политбировските и началнички елити, се разбира.
Победата на Заев и на неговите политики и соработници, поразот и рехабилитацијата на заблудените синови и ќерки на македонската демократија и дефинитивниот крах на злосторничката банда на вмро-дпмне, се трите носечки столба на новата македонска историја.
ФБ статус на Бранко Тричковски