Секоја тешка закана за демократијата и за човековите права и слободи, ударите врз демократските институции и врз мирот и стабилноста во земјата, сѐ што според Уставот и законите претпоставува сериозни санкции, се решава на – лидерска средба. Тајни или јавни, на бензински пумпи, во кабинетот на претседателот, во владата, во амбасадорски резиденции, на непознати локации…
Македонската политичка култура е исполнета со интересни феномени кои не секогаш се среќаваат во земјите со развиена демократија. Еден од македонските политички специјалитети, освен честите предвремени парламентарни избори, е културата на лидерските средби.
Навикнавме, веќе децении наназад, лидерските средби да бидат онаа „институција“ во која се решаваат суштинските проблеми во нашата земја. А проблемите не се малку на број. Имавме лидерски средби и во 2001 година, кога требаше да се надмине воениот пожар во нашата земја. Лидерски средби имавме и кога беше актуелна територијалната поделба. За да се надминат многу сериозни и тешки кризни политички состојби, повторно – лидерски средби.
Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.