Не е сон. Вистина е. Северна Македонија е во НАТО. Македонското знаме гордо се развиори до знамињата на останатите дваесет и девет членки на Алијансата. Колку само гордо се вее. И заслузи да се вее. Македонија доби и виза и за отпочнување на преговори за влез во ЕУ. Победа над победите. Сонот се оствари. Поголема победа Македонија не можеше да добие. Браво. Браво Заев.Браво Димитров. Браво Османи. Браво на сите жители од Македонија.Навистина браво. Македонија слави. Заслужено и со право. Во ова време невреме, долгоочекуваната вест, му донесе „грст“ радост на македонскиот народ и на Македонија. Македонија и македонскиот народ ви симнува капа.

И покрај „темнината“ повеќе Македонци, иако во домашен „затвор“,не по своја вина,туку од „чумата“, воздивнаа. Влегоа во друштво со најбогатите и најсилните. Најважно ги обезбеди границите на Македонија.Ја исполнија предедовската клетва. НАТО никогаш повеќе нема да дозволи Македонија некој да ја дели. Помина времето на делење. И додека Владата, СДСМ, ДУИ прославуваат во „белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ, тага и молк. Збунети се. На лагите, што ги „сееа“, им дојде крај. Повеќе од разочарани се. Не било така како што им ветуваа Грујо, Мицко, Николовски, Ѓорчев, Јанушев. Народот „откри“ дека ги лажеле. Во небрано се. Што да им кажат на партиските војници. Нема повеќе лаги. Вистината излезе на видело. Да веруваат ли и понатаму или да си ги пакуваат куферите и да заминат едни, можеби помалку, во СДСМ, а најмногу во неопределените или во помалите довчерашни сестрински партиии. Мицко е повеќе од збунет,но, уште „прета“. Од мака само што не пукне. Едно од јад, а друго од заканите што му ги испраќа Грујо од Будимаграда. Jавно побара да и помогне на владата да го решел проблемот со економијата. Побара да отишол во Владата и да им каже, бидејќи тие незнаеле, како да најде пари и да ги спаси компаниите. Од Владата молчат. Мицко , со Николовски, наоѓаат некои други „ситници“. Гласноговорниците постојано, преку „своите блиски“ гласила фрла црнила и против Владата и Заев.Навреме не презеле мерки за да ја спречат епидемијата. Купувале поскапа медицинска опрема, а имала поефтина. Во “транс“ се.Народот почна да не им верува.

Вистината излезе „ачик“. Северна Македонија е во НАТО и чекор до ЕУ. Мицко,по команда на Грујо, не се предава. Мора „ербап“ да се прават. Да викаат дека имале две екипи комплет лекари,кои биле експерти и кои можеле да ја искоренат „чумата“. Народот ги слуша со недоверба.Само уште оние окорелите им веруваат. Но, лагите стануваат се пократки. ВМРО-ДПМНЕ е како необрано лозје. Мицко едно мисли, друго наредува, а трето прави. Неоди, па неоди. Професоре Мицко немој да пукнеш од мака пред Грујо. Немој. Горко ќе му биде кафето на твојот „фирер“, а недај Господ , може да скокне и во „синиот“ Дунав па од кај Орбан, преку Вучиќ да отиде кај Путин. Немој. Кога Грујо ќе „пукне“ тогаш готово ќе биде и со ВМРО. Тогаш шетај се низ белата палата,се додека не биде одземена.Професорското столче, ако не пукнеш, не го напуштај. Таткоти ќе се лути.Од се што „сонуваше“ тоа ти е најсигурно. Централите ги продаде. Што ѓавол те тераше. А за „лепавците“, што за цело време беа околу тебе, не се секирај. Или ќе се залепат за друга партија или пак ќе седнат на обвинителна клупа заедно со сите што ти и Грујо правевте да ги спасите. Ако и ти не пукнеш, што поскоро, со „шумски пасош“ фаќај „џаде“ зашто Законот на НАТО и ЕУ нема да ти прости. Велат дека најнапред ред ќе „ставеле“ во судството и дека сите оние на кои им „лепела“ раката ќе морале да си лежат во Шутка, Идризово. Готово е Мицко. Излезе дека не била точна и вашата вест дека доктор Филипче купувал поскапо за анализите што се вршеле за заболените од короната. „Шо ќе праиме сега!“, што ќе рече Гоца. Мицко, готово е. Не е лага. Вистина е. Македонија влезе во НАТО. Ги чу топовските истрели, а ги слушна и честитките од сите страни, а и од зградата на Калето. Северна Македонија отиде на Запад. Назад нема.Ти Мицко,ВМРО-ДПМНЕ и твојот „фире“, како многу пати, го „згрешивте“ патот по кој требаше да одите. Назад нема. Готово е.

Стоилко Андреевски