Откако Христијан Мицкоски ја потврди преписката со Драги Рашковски како автентична и остана јавно на своето тврдење дека на патниците кои се враќаат во татковината организирано со хуманитарни летови им се зема провизија како мито, јавниот обвинител и државната антикорупциска комисија мораа да реагираат молневито, дури и да не е прогласена вонредна состојба.

Такво чуствително обвинување од лидер на опозицијата, шпицен претенедент за иден премиер, дека Владата прави воено профитерство со мачната и драматична судбина на луѓето кои преживуваат тешки денови по светот при враќање во татковината, ако остане нерасчистено во ова време на пандемија е тежок удар врз целото општество и на комплетниот правосуден систем.

Ретерирањето на Мицкоски по обелоденување на неговата истрага дека нема да тужи за обелоденување на приватна преписка меѓу двајца функционери(!!!) и дека ќе ги достави доказите кога ќе се смени „корумпираното судство“ во најмала рака е сомнително и неприфатливо. Да се има сознанија за направен тежок криминал со искористување на луѓето во очајна ситуација во трка за спасување на животот и да се кријат доказите е рамно на соучесништво што се санкционира со закон. Сигурно никој разумен не би поверувал дека Мицкоски одбегнува да го пријави случајот за да ги заштити корумпираните функционери од власта.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.