“Премиерот Зоран Заев промовираше книга со детски раскази „Моето патување во Фантазија“. Меѓу нив ги нема расказите на Мицкоски и Александар Николовски.
Се слушаат ли што зборат? Ај тие што зборат. Туку, гласачиве, слушаат ли што им ветува ВМРО-ДПМНЕ? Имаат контакт со реалноста? Или само по партиските гранапчиња се собираат? Мицотакис не успеа да го ревидира Преспанскиот договор. Ама Мицкоски „ќе направи чекор назад“. Што и да му значи тоа. Ќе ревидира договор со печат на Америка и на Европа.
Туку, ако веќе Мицкоски собира храброст да го каже прецизно тоа што избегнуваше да го каже за време на референдумот, ај нека се одважи и нека каже што му значи тоа „чекор назад“.
Што не си каже искрено, барем еднаш да го чуеме јасно да се изјасни: Кога ќе победам со 80 пратеници ќе ја извадам Македонија од НАТО. И никогаш нема да станеме членка на Европската унија. Фразата „чекор назад“ , што Мицкоски ја продава како патриотска платформа, преведена на разбирлив македонски јазик значи: Ќе работам против Македонија во ЕУ и против Македонија во НАТО.”
Осумте тастери, Сакам Да Кажам
Тито Беличанец