Државата не смее да си го дозволи „луксузот“ заради антиваксерите и приврзаници на теориите на заговор, да го жртвува здравјето на стотици илјади свои граѓани.
Оттаму, изјавата на Филипче, цитирам „Не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира. Ние не можеме да живееме затворени. Мора светот да функционира, затоа е и вакцината измислена, за да се врати животот во нормала“, заслужува широка поддршка.
Доколку вакцинацијата не стане задолжителна, тогаш Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство треба да донесат уредба со сила на закон, со која секој оној кој ќе одбие да се вакцинира, во случај да биде инфициран со Делта сојот, ќе нема право да се лекува во јавното здравство, туку исклучиво во приватните клиники.
Нека плаќаат дневно по 500 евра, па после ќе ги прашам за ставот околу вакцинацијата!

ФБ статус на Зоран Милошески